Руската државна телевизија и радиодифузна компанија (ВГТРК) е погодена од невиден сајбер напад, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека експертите работат напорно за да откријат кој е одговорен за тоа.
ВГТРК, најголемата руска медиумска компанија, која е во рацете на руската влада и која вклучува голем број телевизиски и радио канали, претходно во понеделникот објави дека нејзините интернет сервиси станале цел на сајбер напад во текот на ноќта, но дека радио и телевизиското емитување функционирало нормално и покрај нападот, јавува Ројтерс.
Видете и ова: Рускиот активист Илдар Дадин наводно бил убиен додека се борел за Украина„Нашиот државен медиумски холдинг, еден од најголемите, се соочи со невиден хакерски напад врз неговата дигитална инфраструктура“, рече Песков за новинарите, велејќи дека ВГТРК работи на надминување на последиците од нападот.
„Специјалистите се обидуваат да ги утврдат сите околности за да разберат каде водат трагите што ги оставија оние што го организираа овој хакерски напад врз критичната инфраструктура“, додаде тој.