Пакистанските власти го забранија движењето за граѓански права кое води кампања за правата на етничкото малцинство Паштуни во земјата.
Движењето Паштун Тахафуз (ПТМ) е ангажирано во „одредени активности“ кои се штетни за јавниот ред и безбедност во земјата, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи објавено денеска. Други детали не беа соопштени.
Видете и ова: Пакистанската полиција се судри со приврзаниците на поранешниот премиер Кан во ИсламабадПТМ во последните денови пријави серија полициски рации и апсења насочени кон нејзините водачи и членови во пресрет на „куриал џирга“ или народно собрание на 11 октомври во северозападната провинција Хајбер Пахтунхва.
Ова движење од 2018 година води кампања за граѓанските права на околу 35 милиони етнички Паштуни во земјата. Многу од пакистанските етнички Паштуни живеат во области блиску до границата со Авганистан, каде што војската спроведува кампањи за кои вели дека ги поразиле пакистанските талибанци.