Членови на Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Битола, Демир Хисар и Ресен бараат подобра пристапност до институциите и практична, наместо декларативна поддршка за нивните барања.
Тие денеска (6 октомври) дефилираа по битолски Широк сокак, и посочија дека се подготвени да придонесуваат за заедницата доколку таа им возврати.
„За нас единствена и најголема пречка претставува непристапноста до јавните објекти. Нема мобилност, нема движење без пристапност. За жал, на сите наши апели институциите одговараат декларативно, односно не ги одбиваат нашите барања и се за, но потоа ништо не реализираат“, истакна примариус д-р Нико Јанков, претседател на здружението „Мобилност“.
Видете и ова: „Треба да си Супермен за да се движиш низ Скопје со лице во количка“Годинешното мото на манифестацијата е „Се движам, значи постојам“ затоа што ако лице со телесен инвалидитет не се движи, тоа значи и дека не постои. Лицата со инвалидитет имаат голем интелект, слобода во умот, можат да творат и придонесуваат и затоа заедницата треба да ни излезе во пресрет, истакнаа за време на дефилето.