Во текот на изминатата недела (23-29 септември) регистрирани се 45 позитивни случаи на ковид-19 од вкупно 341 тестиран граѓани, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Бројот на нови позитивни случаи во споредба со една недела претходно, кога имало 64 новозаразени, е намален за речиси 30 отсто.
Во извештајот на ИЈЗ се наведува дека во текот на минатата недела „пријавени се две починати лица асоцирани со ковид-19“.
Лицата се од Демир Хисар и Охрид и се во возрасната група над 65 години.
Видете и ова: Минатата недела регистрирани нови 64 позитивни случаи, се зголемува бројот на заболени со Ковид-19„Лицата се вакцинирани со две и три дози против ковид-19 (поминати се три години од последната доза на вакцина), со регистрирани коморбидитети. Едното позитивно лице е починато во болнички, а другото во домашни услови“, велат од ИЈЗ.
Во текот на 2024 година, заклучно со 29 септември, во Северна Македонија официјално се регистрирани 1.889 заболени лица со ковид, како и 23 смртни случаи асоцирани со коронавирусот.
Првиот случај на ковид-19 во земјава се појави на 26 февруари 2020 година. Од тогаш, па се до вчера, пријавени се вкупно 351.985 заболени лица. Вкупниот број на починати, пак, изнесува 10.002.