Во израелски напад врз Либан загинаа 23 лица

илустрација

Во израелскиот воздушен напад врз Либан загинаа 23 лица, а осум се ранети, јави денеска (26 септември) либанската државна новинска агенција.

Зграда во која биле сместени сириски работници наводно била погодена во близина на античкиот град Баалбек.

Официјални лица за Државната новинска агенција потврдија дека телата на 23 сириски државјани се извлечени од урнатините.

Видете и ова: САД и нивните сојузници бараат итен прекин на огнот меѓу Либан и Израел

Се додава дека се ранети четворица Сиријци и четворица Либанци.

Државната новинска агенција објави дека повеќе од 600 луѓе, меѓу кои 50 деца, се убиени, а 1835 се ранети во израелската офанзива врз Либан од 23 септември.