Најмалку три лица загинаа, а 22 се ранети при руски напад на облакодер во украинскиот град Харкив.
Според информациите од локалните власти, се стравува дека под урнатините има уште луѓе.
„Русија неказнето го тероризира регионот Харкив… Директен удар врз станбена зграда“, вели народниот правобранител на Украина, Дмитро Лубинец, во објава на Телеграм.
Градоначалникот на Харкив, Ихор Терехов, вели дека истата зграда веќе била под руски напад на почетокот на инвазијата на Украина во 2022 година.
„Беше речиси поправена, поставени беа прозорците, изолирана и подготвена за грејната сезона. Непријателот ја погоди по втор пат“, наведе Терехов на Телеграм.
Видете и ова: Руски беспилотни и ракетни напади врз осум украински региониСпоред него, Русија нападнала најмалку четири области во попладневните часови, вклучувајќи го и најгусто населениот дел од градот.
Регионалниот гувернер Олех Синиехубов на Телеграм додаде дека се оштетени неколку станбени блокови.
Харкив, кој е втор град по големина во Украина, и околниот регион постојано се мета на руски напади.