Во најсеопфатните воздушни напади на Израел до сега врз стотици цели на Хезболах, според либанските власти, во понеделникот, на 23 септември, загинаа најмалку 100 луѓе.
Израел ги повика либанските граѓани да се евакуираат од областите каде што тврди дека шиитската група складира оружје.
Последните напади доаѓаат во време на некои од најтешките прекугранични размени на оган во речиси една година конфликт, додека Израел го префрла фокусот на својата северна граница, каде Хезболах истрелува ракети за поддршка на својот сојузник Хамас, кој се бори со израелските сили во Газа.
„Ги продлабочуваме нашите напади во Либан, акциите ќе продолжат додека не ја постигнеме нашата цел безбедно да ги вратиме жителите на северен Израел во нивните домови“, рече израелскиот министер за одбрана Јоав Галант во видеото објавено од неговата канцеларија во понеделникот.
„Ова се денови во кои израелската јавност ќе мора да покаже смиреност“, рече Галант откако израелската војска гаѓаше цели на Хезболах поддржани од Иран во јужен Либан, во источната долина Бека и северниот регион во близина на Сирија.
Видете и ова: Бројот на жртви во Газа од почетокот на војната надмина 41 илјадаЛибанското Министерство за здравство соопшти дека најмалку 100 луѓе, меѓу кои жени, деца и здравствени работници, загинале, а повеќе од 300 се повредени во израелските напади во понеделникот.
Портпаролот на израелската војска Авичаи Адраи на X (поранешен Твитер) изјави дека досега се погодени повеќе од 300 цели на Хезболах, откако претходно предупредуваше дека воздушните напади врз куќите во Либан каде што „Хезболах криел оружје“ се неизбежни.
Како одговор, Хезболах во понеделникот соопшти дека лансирал ракети врз позициите на израелската војска.
Воздушните напади додадоа притисок врз Хезболах, кој претрпе напад минатата недела што неговиот генерален секретар Хасан Насрала го нарече „невиден во историјата“ на групата, откако експлодираа илјадници пејџери и воки-токи користени од нејзините членови.
Израел, кој ниту ја потврди ниту негираше одговорноста, е нашироко обвинет за операцијата.
Видете и ова: Израел започна истрага откако негови војници фрлaле тела на загинати ПалестинциВо друг голем напад, израелскиот воздушен напад врз јужното предградие на Бејрут во петокот беше насочен кон високи команданти на Хезболах, при што загинаа 45 лица, соопшти либанското Министерство за здравство.
Хезболах соопшти дека 16 членови на групата се меѓу загинатите, меѓу кои и високиот лидер Ибрахим Акил и вториот по команда, Ахмед Вахби.
Едно лице е полесно повредено од шрапнели во најновиот ракетен напад на Хезболах врз северен Израел, соопштија израелските служби за итни случаи.