Тринаесет лица, меѓу кои и едно дете, се повредени синоќа (23 септември) во воздушните напади на руските сили врз Запорожје, изјави гувернерот на областа Запорожје, Иван Федоров.
Федоров на Телеграм објави дека се повредени седум жени, пет мажи и едно 15-годишно момче, пренесува агенцијата Укринформ.
Спасувачите ги евакуирале жителите од неколку оштетени станбени згради, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи на Телеграм.
Видете и ова: Украина соопшти дека уништила 71 од 80 дронови на Русија во текот на ноќтаРојтерс не можеше независно да ги потврди извештаите. Засега нема коментар од Русија.
Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека, според првичните информации од теренот, Русија во нападот користела наведувачки воздушни бомби-КАБ.
Укринформ додава дека во текот на вчерашниот ден руските сили извршиле вкупно 363 удари врз 12 населени места во областа Запорожје.
Русија, исто така, лансирала две управувани воздушни ракети и четири нападни беспилотни летала насочени кон Украина во текот на ноќта, соопштија во понеделникот украинските воздухопловни сили.
Три од беспилотните летала биле соборени над североисточниот регион Суми, соопштија воздухопловните сили на каналот Телеграм.