Во израелски оган загинаа 22 лица во напад на училиште во северниот дел на Газа, соопшти Министерството за здравство на Газа на 21 септември.
Во нападот на училиштето во областа Зејтун во градот Газа повредени се уште 30 луѓе, се вели во соопштението.
Видете и ова:
Израел започна истрага откако негови војници фрлaле тела на загинати ПалестинциПретходно, на 21 септември, израелската армија соопшти дека нападнала „командно-контролен центар“ на Хамас, кој Вашингтон и ЕУ го прогласија за терористичка организација.
Израел рече дека центарот „бил вграден во комплекс што претходно служел“ како училиште.