Владата на Србија на 200 септември соопшти дека почнала со акции за повторно воведување на задолжителен воен рок во земјата.
Во соопштението на Владата се наведува дека е донесен заклучок според кој ќе се формира работна група за „разгледување активности и мерки“ за задолжителен воен рок.
Како што се наведува, со тоа е поддржан предлогот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој присуствуваше и на денешната седница на Владата.
Според сегашните предлози, предвидено е задолжителниот воен рок за мажи во Србија да трае 75 дена.
Воениот рок за жените ќе биде доброволно и ќе се одвива под исти услови, соопшти Владата.
Видете и ова: Вучиќ го потпиша договорот за враќање на задолжителниот воен рокПред објавувањето на Владата се огласи и претседателот на Србија, кој рече дека министрите го поддржале неговиот предлог за враќање на задолжителниот воен рок.
„Истакнав дека ова е голема работа за Србија, не само за одбраната на земјата, туку и затоа што ќе го зајакне чувството за одговорност и сериозност кај младите, што ќе им биде потребно за сè што ќе наидат во цивилниот живот“, напиша Вучиќ на Инстаграм.
Тој додаде дека „градовите и општините каде што се наоѓаат касарните исто така ќе имаат корист од задолжителната воена служба, бидејќи тие области ќе се издигнат економски и ќе напредуваат и ќе се развиваат уште побрзо“.
Вучиќ рече дека воениот рок ќе трае многу пократко од претходно.
Идејата за воведување задолжителен воен рок беше конкретизирана во јануари 2024 година.
Видете и ова: Од први јануари задолжителен воен рок во ХрватскаТогаш Генералштабот на Војската на Србија покрена иницијатива и му предложи на претседателот на Србија повторно да се воведе задолжителниот воен рок.
Задолжителниот воен рок во Србија беше укинат на 1 јануари 2011 година.
Оттогаш, приклучувањето во армијата е само доброволно.
И Хрватска донесе одлука за повторно воведување на воениот рок од следната 2025 година.