Членовите на советот на јавни обвинители да си дадат оставка, побараа денеска пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Негативно го оценија Годишниот извештај за работата на Советот на јавни обвинители за 2023, особено критикувајќи го делот во кој се наведува дека Советот постигнал „значителни резултати во работењето„ и дека „позитивно се оценети извештаите од сите јавни обвинителства“. Извештајот и работата на Советот на јавните обвинители го критикуваа и пратениците од Коалицијата Вреди.
Љупчо Пренџов, претседател на Комисијата за политички систем и односи со заедниците, се на претседателката на Советот, Душица Димитриевска, и порача дека граѓаните очекуваат оставки оти срамно е на ваков рејтинг во правосудството никој да не поднесе оставка.
„Немате авторитет и капацитет да воспоставите јавнообвинителски систем, рече Пренџов, најавувајќи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ негативно ќе го оцени нивниот Годишен извештај.
Антонио Милошоски посочи дека има и политичка одговорност во однос на кадрите во правосудството потсетувајќи на случајот на со Изет Мемети, кој поднесе оставка, откако беше осомничен во случај со подмитуање. За Мемети, кажа Милошоски, да стане член на Советот на јавни обвинители се гласаше во Собранието со 61 глас. Се чудевме, рече тој, зошто најмалку на десет дена доаѓаше да се консултира со поранешниот претседател на Собранието Тачат Џафери. Потсети дека Мемети беше 16 години Народен правобранител, а бил и министер за правда и адвокат.
Видете и ова: За Костадиновски распуштањето на Судскиот и Советот на обвинители може да биде лош преседан„Видовме со што се занимавал. Со продажба на правда за пари, рече Милошоски.
Претседателката на Советот на јавниот обвинител Димитриевска го презентрираше извештајот посочувајќи дека има недостаток на обвинители и оценувајќи дека се постигнати значителни резултати во работењето. Исто така таму се наведени и случаи во кои тие постапувале.
„Оценувањето на квалитетот и законитоста во работењето на јавните обвинители го врши Јавниот обвинител на соодветното јавно обвинителство, а Советот одлучува по вложениот приговор на добиената оцена, што значи дека Советот одлучува по вложениот приговор на добиената оцена, што значи дека Советот, исто како и во дисциплинските постапки, и во овој случај постапува како второстепен орган по вложените жалби, истакна Димитриевска.
Советот на јавни обвинители, како што истакна таа, смета дека е потребно да се извршат одредени измени и дополнувања во Законот за јавното обвинителство и во Законот за Советот на јавните обвинители, во насока да се даде поголема автономија на Советот во однос на следењето на работата на јавните обвинители, во смисла на законитоста и ажурноста на нивното постапување, без притоа да се наруши самостојноста и независноста на секој јавен обвинител во делот на донесувањето на јавно обвинителските одлуки.