По објавата дека е избрана фирма која ќе ја прави новата компресорска станица, министерот за здравство Арбен Таравари, на новинарско прашање одговори дека очекува целиот зафат да биде готов за четири месеци.
„Фирмата е сериозна компанија и професионална за оваа работа. Според нив за околу четири месеци, целиот зафат ќе биде завршен“, рече министерот Таравари.
Околу постапката за потпишување на договорот и периодот на жалба тој посочи дека договорот е потпишан и се процесот се спроведувал по брза постапка.
Министерството за здравство соопшти дека е избрана фирма за компресорската станица на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Видете и ова:
Избрана е фирма за компресорската станица на КлиничкиСтанува збор за фирмата „Винора ДООЕЛ“ Скопје. Оваа фирма беше и единствената што достави понуда на огласот, иако првично три фирми пројавиле интерес. Јавното отворање на понудата се случи 12 септември, по што следуваше нејзина евалуација.
Дел од хируршките сали во Клиничкиот центар беа затворени на 18 мај, а некои од причините поради кои не работат салите се непријатниот мирис којшто се ширел низ вентилацискиот систем, како и проблемот со доводот на кислород.
Оттогаш, дел од салите работат со надворешни компресори и се оперираат само итни пациенти. Дел се препраќаат во двете други болници во Скопје, ГОБ „8 септември“ и „Св.Наум Охридски“.
Пред овој тендер, беше распишан уште еден за нова компресорска станица, но тој пропадна бидејќи не пристигна ниту една понуда.