Американската групација Мета, која ги поседува платформите Фејсбук, Инстаграм и Ватс-Ап (WhatsApp), соопшти дека им забранува на руските државни медиуми пристап до тие платформи ширум светот, „за да се избегне странско мешање“.
„По внимателно разгледување, ја проширивме нашата акција против руските државни медиуми“, се наведува во соопштението од Мета.
Одлуката за забрана е донесена откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен минатата недела ги осуди дестабилизирачките активности на рускиот медиум „Раша тудеј“ (Russia Today).
Видете и ова: Загушување на Јутуб: Цензурата на Кремљ влегува во непознати водиЗабраната означува остра ескалација на акциите на најголемата светска компанија за социјални медиуми против руските државни медиуми, откако таа со години преземаше поограничени чекори како што се блокирање на продажните места за објавување реклами и намалување на досегот на нивните објави.
Спроведувањето на забраната ќе започне во текот на следните денови.