Затворената сибирска антивоена активистка и новинарка Марија Пономаренко почна штрајк со глад во знак на протест против новото обвинение против неа и извештајот од затворот во кој се вели дека седум пати добила опомени поради кршење на затворските правила.
Каналот „РусЊуз“, за кој Пономаренко работеше пред нејзиното апсење во 2022 година, на Телеграм објави дека Пономаренко го најавила штрајкот со глад откако доживеала нервен слом во судницата на 16 септември за време на нејзиното судење за дополнително обвинение за напад на двајца затворски чувари.
Таа го отфрла обвинението.
Пономаренко беше осуден на шест години затвор во февруари 2023 година поради протест против тековната руска инвазија на Украина.
Таа беше прогласена за виновна за „ширење лажни вести“ за руската војска.
Видете и ова: Руски обвинител бара осум години затвор за новинар кој известувал за војната во УкраинаМногу критичари и групи за човекови права велат дека Кремљ го користи таканаречениот закон за странски агенти за да го потисне различното мислење.
Законот беше потпишан од рускиот претседател Владимир Путин во јули 2022 година и стапи на сила на 1 декември истата година. Со законот се проширува дефиницијата за таканаречени „странски агенти“ за да ги вклучи сите „под странско влијание“, за што противниците на законот велат дека ѝ олеснило на државата да ги нападне домашните критичари.