Ракета од Јемен падна во централен Израел

Фотографијата објавена од Централната команда на САД покажува пратка од, како што наведе американската војска, иранско оружје наменето за јеменските бунтовници Хути.

Ракета со долг дострел, истрелана во Јемен, падна на територијата на централен Израел на 15 септември, соопшти израелската армија.

Поради нападот рано наутро се огласиле I сирените, но нема извештаи за жртви или материјална штета. Војската соопшти дека звукот на експлозии во оваа област дошол од пресретнувачи.

Израелските медиуми објавија видео од патници кои бегаат во засолниште на аеродромот Бен Гурион.

Видете и ова:

Хутите гаѓаа бродови во Црвеното Море, екипажот на танкер со нафта спречи еколошка катастрофа

Објавени се и фотографии од нешто што изгледа како фрагмент од проектил или пресретнувач, кој паднал на ескалатор на железничка станица во градот Модиин во централен Израел, пренесува Асошиејтед Прес.

Јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран, постојано истрелуваат проектили и беспилотни летала кон Израел од почетокот на речиси едногодишната војна во Газа меѓу Израел и Хамас, кој САД и ЕУ го прогласија за терористичка организација.

Сепак, речиси сите ракети на Хутите досега беа пресретнати над Црвеното Море.