Претседателскиот кандидат на венецуелската опозиција Едмундо Гонзалес долета во Шпанија на 8 септември за да побара азил, соопшти Мадрид.
Соопштението дојде неколку часа откако тој ја напуштил неговата земја во услови на политичка и дипломатска криза поради спорните избори во јули.
Видете и ова: Шпанија ќе му даде азил на венецуелскиот опозициски лидерГонзалес, кој го оспори прогласувањето на победата на претседателот Николас Мадуро, пристигна во воената база Торехон де Ардоз со неговата сопруга, се вели во соопштението на шпанското Министерство за надворешни работи.
Излегувањето на 75-годишникот, којшто го сметаат САД, ЕУ и другите сили во регионот како победник на спорните избори -- дојде една недела откако венецуелските власти издадоа налог за апсење за него.
Тие го обвинуваат за заговор и други кривични дела.