Зеленски го назначи поранешниот министер за вооружување за свој советник

Александар Камишин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на 8 септември го назначи поранешниот министер за производство на оружје, Александар Камишин за надворешен советник за стратешки прашања, се вели во декретот објавен на претседателската веб-страница, објави Ројтерс.

Видете и ова: Украина доби нов министер за надворешни работи

Камишин, кој беше министер за стратешка индустрија, поднесе оставка минатата недела како дел од реконструкцијата на украинската влада во критичен момент од војната со Русија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека ќе има промени во владата во обид да се зајакне и да се постигнат целите кои очајно и се потребни на оваа земја.