Вкупно 40 пожари имало вчера на територијата на Северна Македонија. Шест од нив се активни, а еден е под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активен е пожарот меѓу селата Пештани – Кокре – Кален – Дуње – Бонче – Крушевица – Волково. Тој се шири на три крака и гори нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума.
Локација на пожарите во прилепско
Според информациите од ЦУК, под контрола е пожарот во општина Чашка на планината Мукос кон селото Степанци. Во оваа општина активен е пожарот кај селото Оморани и м.в. Кадиица – с.Ораов Дол. Овде гори мешана шума.
Видете и ова: Пожарникарите „горат“ на терен за плата, доброволците чекаат дневнициАктивни пожари има и во општина Петровец меѓу селата Градманци, Брезница и Катланово, во општина Штип меѓу селата Хаџи Хамзали – Едеклерци – Топлик, полигон Криволак, во општина Чучер-Сандево меѓу селото Танушевци и м.в.Рамно и во општина Долнени, кај селото Десово.