Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека очекува кинескиот лидер Си Џинпинг да присуствува на самитот на групата БРИКС во Русија следниот месец.
Путин бара поддршка од кинескиот лидер уште од почетокот на конфликтот во Украина, при што двете земји ја зголемија трговијата на рекордно високо ниво бидејќи Русија се соочува со економски санкции од Западот.
Видете и ова: Путин и Си ги фалат односите како „стабилизирачка“ сила на меѓународната сцена„Како што е договорено, го очекуваме кинескиот претседател г-дин Си Џинпинг на самитот на БРИКС“, рече Путин за време на средбата со кинескиот потпретседател Хан Женг на маргините на Источниот економски форум во Владивосток, на 4 септември.
БРИКС е групација на светските економии на Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. Претставува речиси половина од светското население и се прошири за да вклучи и други големи економии во развој, вклучувајќи ги Обединетите Арапски Емирати и Иран.