Законот којшто се однесува на кредитот што земјава треба да го земе од Унгарија денеска помина на владина седница, изјави премиерот Христијан Мицкоски кој доаде дека законот многу скоро ќе се најде пред пратениците во Собранието.
Откако ќе помине во Собранието, министерката за финансии ќе отпатува во Унгарија каде ќе го потпише договорот, рече Мицкоски.
„Условите се оние што ги зборуваме - 3,25 проценти каматна стапка, три години грејс период, на 24 полугодишни рати кои ќе се плаќаат секој февруари и секој август. Моментално тоа се услови што не можеме ни приближно да ги обезбедиме на било кој друг пазар“, рече Мицкоски.
Видете и ова: Унгарски телекомуникациски оператор заинтересиран за влез на пазаротКредитот од Унгарија во висина од половина милијарда евра беше договорен за време на посетата на премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон каде се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Кредитот, како што посочи Мицкоски, има развојна компонента затоа што дел ќе оди за развој на стопанството и на општините.