Потона чамец со мигранти во Ла Манш, се удавија 13 лица

Полицијата и спасувачките служби на пристаништето Булоњ-Сур-Мер, каде што беше спроведена операција за спасување мигранти, Франција на 3 септември.

Тринаесет лица загинаа откако на 3 септември чамец со мигранти потонал во Ла Мнш, кој превзувал мигранти од Франција во Велика Британија.

Спасувачите извлекоа 61 лице од водата откако чамецот потона кај северниот брег на Франција, изјави Оливие Барбарин, градоначалник на Ле Портел, град во близина на кој беше поставена станица за прва помош.

„За жал, дното на бродот се отвори, тоа е голема драма“, рече Барбарен.

Температурата на морето на северот на Франција била околу 20 степени.

Видете и ова: Чешката полиција во камион пронашла 30 мигранти

Според Меѓународната организација за миграција, најмалку 30 мигранти загинале или исчезнале додека се обидувале да го преминат Ла Манш оваа година.

Најмалку 2.109 мигранти се обиделе да го преминат Ла Манш со мали чамци во изминатите седум дена, соопшти Министерството за внатрешни работи на Велика Британија.

Мигрантите одлучуваат да се упатат кон север преку Ла Манш поради се построгите европски правила за азил, растечката ксенофобија и непријателскиот третман, пишува АП.