Финската влада предлага да им се забрани на повеќето руски граѓани да купуваат недвижен имот во нордиската земја за да ја заштити националната безбедност, изјави министерот за одбрана Анти Хаканен на 2 септември.
Односите со соседните Финска и Русија се влошија откако Москва ја започна својата инвазија на Украина во 2022 година. Таа војна го поттикна Хелсинки да влезе во НАТО.
Не се очекува дека предложената забрана за купување недвижен имот ќе ги погоди граѓаните со двојно државјанство и Русите кои имаат дозволи за постојан престој во Финска или други земји од Европската унија.
Експертите прво ќе ја оценат оваа предложена забрана, а подоцна ќе ја испратат до парламентот на гласање.
„Прописите имаат за цел да го спречат можното непријателско влијание врз Финска“, рече Хаканен на прес-конференција.
Видете и ова: Финска го блокира влезот на мигрантите од РусијаФинска веќе следи околу 3.500 имоти поврзани со руски сопственици, рече министерот за одбрана, без да даде дополнителни детали.
Хелсинки долго време има за цел да ги спречи Русите да купуваат имот во близина на стратешки локации, поради односите меѓу двете земји. Во октомври минатата година Финска спречи три обиди на Руси за купување недвижен имот, а во јануари годинава уште три.
Финска дели граница од 1.340 километри со Русија. Земјата ги затвори сите гранични премини со Русија и го обвини Кремљ дека ја користи миграцијата како оружје, охрабрувајќи ги азиските и африканските мигранти да бараат азил во Финска.