Деца во Украина го прославија првиот училиштен ден и покрај опасноста од воздушен напад

Првачиња на прославата за првиот училиштен ден во Запорожје, 1 септември 2024 г.

Учениците од едно училиште во Запорожје, Украина, го одбележаа првиот училиштен ден – 1 септември, само неколку часа по огласувањето на сирените за опасност од воздушен напад, пренесе агенцијата Асошиејтед прес.

Бидејќи линијата на фронтот е оддалечена само 40 километри од нив, војната никогаш не е далеку од наставниците и семејствата во ова училиште.

Поради забраната за големи собири во градот, кој редовно е цел на руската артилерија, на парадата беше дозволено да учествуваат само учениците од прв и од последен клас.

Во традиционални везени украински кошули и со рози во рацете, децата се наредија во парови и се држеа за раце.

Видете и ова: Москва го обвини Киев за масовен напад со дронови врз Русија

Од 800 ученици колку што имало училиштето, поради војната околу 300 избегале во странство или во други градови во Украина.

Бидејќи неодамна реновираното засолниште може да прими само 250 лица, наставата за половина од останатите ученици се одвива онлајн, додека другата половина одат на училиште и така се менуваат секоја недела.

Запорожје секојдневно со часови се наоѓа е под предупредување за воздушен напад. Училишното засолниште е оддалечено 75 метри од главната училишна зграда и се наоѓа преку улицата од отворено игралиште.

Директорот на училиштето рече дека најмладите ученици секојдневно следат настава со физичко присуство и работат во училница изградена веднаш над подрумските простории, додека останатиот дел од учениците работи во главната зграда.

„Подготвивме се за новата учебна година. Го опремивме бункерот во случај на опасност од воздух, така што децата ќе имаат безбеден простор и во ваква вонредна состојба“, рече директорот.

Новата учебна година започнува во екот на руските воени дејствија во Украина, особено на истокот на земјата, додека од друга страна Украина се обидува да се протне подлабоко во руската територија откако на 6 август започна офанзива за да ги спречи руските сили да напредуваат на нејзина територија.