Сончево и стабилно време, температурата до 35 степени

Во наредните денови дневните температури ќе бидат повисоки за околу два до три степени (фотоархива).

Сончево време со мала облачност и умерен север, најавува за денеска (1 септември) Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Максималната дневна температура во земјава ќе се движи од 27 до 35 степени.

Краткотраен пороен дожд и грмежи се очекуваат само во попладневните часови во планинските подрачја.

Според УХМР, во наредните денови следува период на претежно стабилно време, а дневните температури ќе бидат повисоки за околу два до три степени.