Хеликоптер на вооружените сили на Босна и Херцеговина на 30 август беше извлечен од езерото Јабланика, два дена откако удри во жици на далековод за време на вежба на југот на земјата и се урна во езерото.
Министерството за одбрана на БиХ соопшти дека пилотот, ко-пилотот, техничарот и специјалистот во Службата за пребарување и спасување кои биле во леталото, не се во животна опасност и дека се примени во итна помош во Кониќ.
Видете и ова: Се урна хеликоптер на вооружените сили на БиХ, спасени се членовите на екипажотХеликоптерот е извлечен со помош на тешка машина, како што е наведено во објавата на Федералната управа за цивилна заштита на Фејсбук.
Хеликоптерот на вооружените сили на БиХ се урна во езерото Јабланика за време на подготовка за вежба со ЕУФОР.
Извлекување на хеликоптерот од Јабланичко Езеро, 30.08.2024 година.
Соединетите држави ѝ донираа Босна и Херцеговина четири нови хеликоптери во 2021 година во вредност од околу 35 милиони евра.
Еден хеликоптер се преврте и беше оштетен во април 2022 година за време на обука за летање. Министерот Хелез на 28 август рече дека тој хеликоптер е саниран.
Вооружените сили на БиХ „на хартија“ имаат повеќе од 40 хеликоптери.