Исмет Гури од бегство и се предаде на полицијата

Исмет Гури, Поранешен директор на УЈП

Исмет Гури поранешниот директор на Управата за јавни приходи и активист на ДУИ самиот се пријавил на полиција и е веќе во затвор, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Ова се случило во текот на денешниот ден.

Тој, со Ејупи Алими кој беше пранешен координатор на ДУИ во Собранито, беа осудени во предметот „Титаник 3“ за уништување на изборен материјал на локалните избори во 2013 година. Обвинението беше поднесено од поранешното Специјално јавно обвинителство во 2017 година, а во две неправосилни пресуди добија по три и пол години затвор.

Инаку поранешниот заменик директор на УЈП беше во притвор но поради здравствени проблеми му беше заменет со куќен.

Видете и ова:

Распишана потерница по Исмет Гури, поранешен заменик-директор на УЈП

За него имаше распишано меѓународна потерница.

На почетокот на 2024 година, не бил пронајден на адресата на која требало да ја издржува мерката.

Во јули минатата година беше уаспен заедно со 15 лица, меѓу кои бизнисмени и инспектори од Управата за јавни приходи (УЈП), под сомнение за злосторничко здружување и даночна измама.

Гури беше истакнат активист на ДУИ, но по одделувањето на Изет Меџити се придружи на Демократско движење.