Францускиот претседател Емануел Макрон денеска и утре е во посета на во Белград. Иако, како главна тема се европските интеграции на Србија за што Макрон ќе разговара со српскиот претседател Александар Вучиќ, тој ќе одржи говор на Форумот за млади и вештачка интелигенција, так што се смета дека Вештачката интелигенција е една од главните теми.
„Меѓународниот кредибилитет на Србија во областа на вештачката интелигенција беше препознаен преку нејзината успешна кандидатура за претседател на Глобалното партнерство за вештачка интелигенција 2025 година“, изјавија од француската амбасада за РСЕ.
Шефот на делегацијата на Европската Унија во Белград, Емануел Жофре изјави дека е позитивна вест што Макрон доаѓа во Србија, оценувајќи дека тоа е важно за нејзиниот европски пат.