Хеликоптер на вооружените сили на Босна и Херцеговина (БиХ) се урна на 28 август во областа на езерото Јабланица, на југот на Босна и Херцеговина, потврди Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванскиот кантон (ХНК) за Радио Слободна Европа (РСЕ).
„Во хеликоптерот имало четворица членови на екипажот. Според првичните информации, тројца од нив не се повредени, а еден побарал лекарска помош“, изјави Људевит Мариќ, портпарол на МВР за Херцеговско-неретванскиот кантон
Министерството за одбрана на Босна и Херцеговина соопшти дека пилотот, копилотот, летечкиот техничар и специјалистот на службата за пребарување и спасување не се животно загрозени и се на превентивна медицинска помош во итната медицинска помош во Коњиќ.
„Хеликоптерот беше ангажиран на генерална проба за планирана вежба со цивилната заштита на општина Коњиќ, која требаше да се одржи во четврток“, соопшти Министерството за одбрана на Босна и Херцеговина.
Соединетите Американски Држави ѝ донираа четири нови хеликоптери „Бел“ на Босна и Херцеговина во 2021 година во вредност од околу 35 милиони евра.
Едниот се превртел и бил оштетен во април 2022 година за време на обука за летање.
Вооружените сили на Босна и Херцеговина „на хартија“ располагаат со повеќе од 40 хеликоптери.
Меѓу нив се и 35 хеликоптери Ми-8 кои се произведени пред повеќе од 40 години во поранешниот Советски Сојуз и сите, како што е најавено. Тие се застарени, не можат да се сервисираат и имаат неколку утврдени дефекти на основни склопови кои ги прават неисплатливи за ремонт .