Претседателот Володимир Зеленски изјави дека Украина го извршила првото тестирање на балистичка ракета од домашно производство.
Зеленски го соопшти ова говорејќи на конференција во Киев на 27 август.
Дополнителни детали не се веднаш достапни, но Украина исто така соопшти дека работи на развој на балистички ракетен систем со краток дострел Хрим-2, кој е дизајниран да ги комбинира карактеристиките на тактички ракетен систем и повеќекратен ракетен фрлач.
Видете и ова: Енергетска и цивилна инфраструтура мета на руските напади врз УкраинаМинатиот викенд Зеленски, исто така, го потврди постоењето на домашно произведената ракета Палианиција, која ја нарече „нова класа“ на оружје за Украина.
Киев ги моли своите западни сојузници да ја отстранат нивната забрана за користење оружје доставено од Запад за напади врз цели длабоко во Русија.