Сириец на возраст од 26 години е осомничен за нападот со нож на 23 август во западниот германски град Солинген, во кој загинаа три лица, а осум беа повредени, соопштија германските власти.
Осомничениот се предал и го признал делото, се вели во заедничкото соопштение на полицијата и обвинителството во Дизелдорф.
„Вклучувањето на ова лице во моментов е под интензивна истрага“, изјавија оттаму.
На 24 август, милитантната група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот, без да обезбеди докази, пренесе агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП).
Нападот се случи на фестивал на прославата на 650 годишнината на градот.
„Осомничениот е поврзан со бегалскиот центар во Солинген кој беше претресен во саботата“, соопштија властите.
Екстремистичката група на својата интернет страница објави дека напаѓачот ги таргетирал христијаните и дека тој ги извршил нападот „за да ги одмазди муслиманите во Палестина и насекаде“, пренесе АП.
Ова тврдењето не можеше независно да се потврди.
Видете и ова:
Германската полиција приведе едно лице по нападот во СолингенОфицијални лица претходно изјавија дека 15 годишно момче било уапсено под сомнение дека знаело за планираниот напад, но дека тој не бил напаѓачот.
Две жени, сведоци на настанот, ѝ рекле на полицијата дека ги слушнале момчето и непознатото лице пред нападот како зборуваат за намери кои одговараат на крвопролевањето, пренесе АП.
Хендрик Вуст, премиерот на Северна Рајна-Вестфалија, го опиша нападот како терористички чин.