ЦУК: Од 10 пожари на отворено вчера, девет се изгаснати

Во јули и август Северна Македонија беше погодена со големи пожари на отворено (фотоархива)

Во текот на вчерашниот ден (22 август) на територијата на Северна Македонија имало вкупно 10 пожари на отворено, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од нив, девет се изгаснати, а еден е ставен под контрола.

Како што информираа од ЦУК, под контрола е пожарот во Општина Демир Хисар, кај Плакенска планина, над село Вирово. Со пожарот е зафатена ниска вегетација и сува трева.

Видете и ова:

Ангелов: Нови ер-трактори се поевтини од штетата од пожарите

Изгаснатите пожари, пак, биле на териториите на општините Радовиш, Градско, Струга, Тетово Гостивар, Врапчиште, Студеничани и Чаир.

Во текот на јули и август, Северна Македонија беше зафатена со големи шумски и други пожари на отворено. Изгоре површина од стотици хектари. Во гаснењето, македонските служби добиваа помош и од земјите од регионот, како и од членки на НАТО и ЕУ.