Во пожар во Нови Сад настрадале 6 лица, меѓу кои 4 деца

Шест лица, меѓу кои четири деца загинаа во пожарот што ноќта меѓу четвртокот кон петокот избувна во населбата Салајка во Нови Сад, соопшти министерот за полиција Ивица Дачиќ.

Се претпоставува дека станува збор за членови на семејство кое живеело на таа адреса“, рекол Дачиќ и додал дека децата кои загинале се на возраст од две до седум години.

Припадници на Управата за вонредни ситуации, девет пожарникари со две возила го изгаснале пожарот, а полицијата и јавниот обвинител извршиле увид на местото на настанот.

Како што соопшти Дачиќ, постои сомневање дека пожарот го предизвикал скутер кој бил приклучен на електричната мрежа.

Телата на жртвите се пренесени на обдукција во Центарот за судска медицина, а припадниците на МВР интензивно работат на утврдување на сите околности на овој трагичен настан“, рече министерот.