Пожар избувна во руското пристаниште Кавказ во јужниот регион Краснодар на 22 август, по украинскиот напад на траект натоварен со резервоари за гориво, соопштија локалните власти.
Траектот, кој превезувал 30 цистерни со гориво, како што потврди началникот на областа Темриук, Фјодор Бабенков, претрпел значителна штета што на крајот довело до негово потонување, пренесе Ројтерс.
Во моментов се врши проценка на потенцијалните жртви. Украина веднаш не го коментираше инцидентот.
Видете и ова: Американската амбасада во Киев предупреди на зголемен ризик од руски напади пред Денот на независностаЛокалната оперативна група соопшти дека на местото е испратен специјален противпожарен воз. Во гаснењето на пожарот учествувале повеќе од 100 луѓе.
Неколку руски медиуми споделија слики и видеа на кои се гледа како пламен и облаци од црн чад се издигнуваат од бродот.
Ројтерс не можеше веднаш да ги потврди видеата.
Пристаништето Кавказ е еден од најголемите руски излези на Црното Море. Тој им служи на бродовите и за извоз и за снабдување на Крим со гориво.