Извлечено е петто тело од потонатата јахта во Италија

Нуркачите пристигнуваат во пристаништето Портчело во близина на Палермо за да продолжат да го пребаруваат местото на несреќата, 21 август 2024

Петто тело е извлечено од остатоците на јахтата што потона во понеделникот (19 август) крај брегот на Сицилија по невреме, пренесува Скај Њуз.

Со ова вкупниот број на жртви се искачи на шест, откако претходно беше пронајдено телото на готвачот Рекалдо Томас.

Полицијата сè уште го нема потврдено идентитетот на другите лица чии тела се извадени од урнатините.

Потрагата по уште едно лице продолжува.

Видете и ова: Потона брод во близина на Сицилија, во тек е потрагата по шест лица

Во несреќата исчезнаа британскиот технолошки тајкун Мајк Линч и неговата ќерка Хана (18), претседателот на банката Morgan Stanley International, Џонатан Блумер и неговата сопруга Џуди Блумер, адвокатот Крис Морвило и неговата сопруга Неда Морвило.

Јахтата долга 56 метри била регистрирана во Велика Британија, а на него имало 22 лица. Од нив, десет членови на екипажот и 12 патници. Произведена е во 2008 година во италијанското бродоградилиште Перини.