Хеликоптерската несреќа во мај во која загина иранскиот претседател Ебрахим Раиси беше предизвикана од временските услови и неможноста на авионот да се справи со тежината што ја носеше, објави иранската новинска агенција Фарс на 21 август.
Неименуван безбедносен извор информиран за конечните заклучоци од истрагата изјавил дека има „целосна сигурност дека тоа што се случило е несреќа. Двете наведени причини се несоодветните временски услови и неможноста на хеликоптерот да се справи со тежината“, додаде изворот.
Видете и ова:
Кој е Ебрахим Реиси?Хеликоптерот се урна на 19 мај во планински терен во близина на границата со Азербејџан, при што загинаа Раиси и уште седум лица.
Раиси беше избран за претседател на Иран во 2021 година и оттогаш ги заостри многуте ограничувања за Иранците со спроведување на законите за моралот и сузбивање на антивладините протести предизвикани од смртта на Махса Амини додека беше во полициски притвор за наводно кршење на строгиот кодекс на облекување.