Танкерот „Сунион“, кој плови под грчко знаме, бил нападнат денеска (21 август) додека се движел низ Црвеното Море, a постои сомневање дека нападот го извршиле јеменските бунтовници Хути, објави британската војска, пренесува агенцијата Асошиејтед прес (АП).
Напаѓачите пукале со пешадиско оружје од мали чамци, но нападот се случил на околу 140 километри западно од пристанишниот град Ходеида, кој е под контрола на јеменските бунтовници, соопшти поморскиот оперативен центар на Обединетото Кралство.
Три проектили го погодија танкерот, екипажот соопшти дека нема жртви, се додава во соопштението.
Танкерот „Сунион“ спаѓа во редот на танкери со средна големина. Долг е 274 метри и широк 50 метри.
Хутите не ја презедоа одговорноста за нападот веднаш.
Видете и ова: Соборени пет дрона на Хутите во Црвено МореПоследните три напади, вклучително и денешниот, беа насочени кон бродовите на грчката компанија „Делта тенкерс“. Хутите досега таргетираа повеќе од 80 бродови со проектили и беспилотни летала од почетокот на војната во Газа, во октомври.
Бунтовниците тврдат дека цел биле бродови поврзани со Израел, Соединетите Држави или Велика Британија со цел да принудат прекин на израелската војна против Хамас во Газа. Повеќето од нападнатите бродови немаат никаква врска со конфликтот на Блискиот Исток.
Хутите лансираа и беспилотни летала и проектили кон Израел, но во нападот на Тел Авив на 19 јули, едно лице загина, а 10 беа ранети. Израел одговори следниот ден со воздушни напади врз замокот Ходеида, погодувајќи складишта за гориво и електрани. Според бунтовниците, во овој напад биле убиени и ранети неколку луѓе.