Автобус со пакистански аџии се превртел во Иран, при што загинале 28 патници, објавија во среда (21 август) иранските државни медиуми.
Меѓу загинатите има 11 жени и 17 мажи.
Несреќата се случила во вторникот вечерта во централната иранска провинција Јазд, а причината е неисправен систем за сопирање, објави Ројтерс повикувајќи се на прелиминарна полициска истрага.
„Уште 23 патници се повредени, од кои седум се во критична состојба“, изјави покраинскиот директор за управување со кризи за државната телевизија.
Аџиите биле на пат за Ирак, на комеморацијата на шиитскиот светец кој починал во 7 век, пренесува АП.
Околу два милиони шиитски муслимански аџии моментално учествуваат на годишниот аџилак кој се протега на околу 80 километри од Наџаф до Карбала во Ирак.
Иран е познат по лошата безбедност на патиштата, со околу 20 000 смртни случаи годишно во сообраќајни несреќи.