Украина потврди дека индискиот премиер Нарендра Моди ќе ја посети земјата на 23 август.
Се очекува Моди и Зеленски да разговараат за билатералната и мултилатералната соработка, како и да бидат потпишани неколку договори кои допрва треба да се прецизираат, соопшти кабинетот на украинскиот претседател.
Посетата доаѓа откако Моди минатиот месец беше во Москва каде се сретна и разговараше со рускиот претседател Владимир Путин.
Видете и ова:
Индискиот премиер му рекол на Путин дека „срцето крвари“ кога се убиваат децаЗеленски го критикуваше тој состанок, велејќи на дека е „огромно разочарување и катастрофален удар за мировните напори да се види како лидерот на најголемата светска демократија го прегрнува најкрвавиот криминалец во светот“.
Моди на 9 јуни го започна својот трет мандат како премиер на Индија.