Активни 11 пожари, шест се под контрола

Илустративна фотографија.

Како што соопштија од ЦУК, од вкупниот број пожари регистрирани изминатото деноноќие, 11 се активни, а шест се под контрола.

Вкупно се евидентирани 42 пожари во изминатото деноноќие.

Северна Македонија во периодов на високи температури и топлотни бранови е зафатена од десетици пожари од кои изгореа илјадници хектари шума.

Полицијата, но и другите институции како МВР, ЦУК и ЈП Национални шуми велат дека голем дел од пожарите се подметнати.

Видете и ова:

Ангелов: Нови ер-трактори се поевтини од штетата од пожарите

Според ЦУК, во моментов по два активни пожари има во општините Долнени и Пробиштип.

По еден активен пожар има во општините Дебар, Маврово - Ростуше, Македонски Брод, Пласница, Чашка.

Последните два пожари се на територија на две општини: едниот на Охрид и Ресен, а другиот на Демир Хисар и Кичево.

Пожарите под контрола се наоѓаат во општините Кичево, Новаци, Македонски Брод, Демир Хисар, Делчево, Чашка.

Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 бележи 2.342 повици, а од нив, како „реални“ биле категоризирани 53,8 отсто.