Киев отвори истрага за наводно обезглавување на мртов војник

Сквернавењето на телата на војници, вклучувајќи осакатување и обезглавување, е воено злосторство. (слика од архива).

Генералното обвинителство на Украина отвори истрага за наводно обезглавување на украински војник кој учествувал во упадот во Русија.

Видео кое кружеше на социјалните мрежи на 16 август, покажува руски војник покрај столб со отсечена глава, наводно на украински војник.

Видете и ова: Зеленски: Украина ја „зајакна“ позицијата во рускиот регион Курск

Каналот на Телеграм „DeepState“ го идентификуваше рускиот војник на видеото како член на 155-та поморска бригада, која е распоредена во близина на контролниот пункт Колотиловка во регионот Белгород.

Според „DeepState“, украинските сили се бореле во областа на 12 август.

Не е прв пат во 30-месечната војна руски војници да објавуваат вакви видеа.