Повредени се три лица во пукање во кафуле на плажа во Ханиоти на грчкиот полуостров Халкидики, по што пет лица биле уапсени, а полицијата трага по уште едно лице.
Грчките медиуми пишуваат дека во пукањето учествувале бугарски државјани и дека не е исклучена веројатноста да се работи за мафијашка пресметка.
Видете и ова: Грција го расчисти убиството на македонскиот државјанин на ХалкидикиИнцидентот се случил доцна синоќа кусо пред полноќ додека во барот се одржувала музичка вечер и присутни биле и семејства со деца, а причините за пукањето засега се непознати.
Според државната телевизија ЕРТ инцидентот бил помеѓу сопственикот на кафулето и неколку лица, кои почнале да пукаат со огнено оружје.
Повредени биле три лица и пренесени во болница, додека пак полицијата уапсила петмина, а се трага по лицето што пукало.