Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во пресрет на 18 Август, Денот на Армијата, потпиша укази за унапредување на бригадниот генерал Сашко Лафчиски во чин генерал-мајор и за негово поставување за началник на Генералштабот на Армијата.
Видете и ова: 700 милиони евра за модернизација на армијата во следните 10 години„Со укази на претседателката Сиљановска Давкова, поради истек на мандат, е разрешен досегашниот началник на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и е поставен за советник на началникот на Генералштабот на Армијата за борбена готовност и операции“, соопштија од Кабинетот на претседателката.
Свеченото примопредавање на должноста началник на Генералштабот ќе се одржи на 18 Август.