Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска (16 август) наредија нови евакуации од областите во јужниот и централниот дел на Појасот Газа кои претходно беа прогласени за хуманитарни зони. Според армијата, овие локации биле користени од палестинското движење „Хамас“ (кое САД и ЕУ го прогасија за терористичка организација) за минофрлачки и ракетни напади врз Израел, пренесоа британските медиуми.
ИДФ соопшти дека испратила летоци и СМС пораки со предупредување за областите северно од градот Кан Јунис и источно од Деир ал Балах, каде што десетици илјади луѓе бегаат од борбите во други делови на Газа.
„Предупредувањето до цивилите е издадено за да се намали штетата врз цивилното население и да им се овозможи да се држат настрана од непријателствата“, се вели во соопштението на израелските одбранбени сили.
Видете и ова:
Во Доха започнаа преговорите за прекин на огнот во ГазаПретходно, ИДФ соопшти дека вчера погодила област во Кан Јунис од каде биле истрелани ракети кон селото Кисуфим. Пронајдено е оружје како што се рачни ракетни фрлачи и експлозиви.
Сегашните предупредувања за евакуација доаѓаат додека се чека преговарачите во Доха се соберат на вториот ден од разговорите, со цел да се постигне договор за прекин на борбите во Газа и враќање на израелските и странските заложници држени во Газа.