Средба на Бајден со Кара-Мурза во Белата куќа

Рускиот опозиционер Владимир Кара-Мурза

Американскиот претседател Џо Бајден се сретнал со рускиот опозиционер Владимир Кара-Мурц и неговото семејство во Белата куќа.

Кара-Мурза беше ослободен од руски затвор како дел од големата размена на затвореници меѓу Москва и неколку западни земји на 1 август.

Видете и ова:

Затворениците кои останаа во Русија по историската размена

Бајден на Фејсбук објави дека средбата била одржана за да се „прослави неговото враќање во Америка“, откако тој бил „неправедно затворен во Русија затоа што зборувал против војната на Русија во Украина“, објави Радио Слободна Европа на англиски јазик.

Кара-Мурза, кој беше цел на два инциденти со труење за кои ја обвинува руската влада, отслужуваше 25-годишна затворска казна за предавство.