Европската федерација на новинари (ЕФЈ) и мрежата „Безбедни Новинари (SafeJournalists) на 14 август објавија дека српскиот претседател Александар Вучиќ на 11 август вербално нападнал новинари од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Косово и го повикале да престане да го прави тоа.
Во соопштението се вели дека Вучиќ тоа го направил на прес-конференција во Белград, по повод протестите на граѓаните против ископувањето на литиум во Србија.
ЕФЈ и мрежата SafeJournalists, како што наведуваат во соопштението, изразуваат целосна солидарност со новинарите кои беа цел на претседателот Вучиќ.
Видете и ова:
Вучиќ укажа на продолжување на „челичното пријателство“ со Кина
Тие го повикаа него, како и српските власти, да се воздржат „од оваа бесрамна шема на вознемирување на новинарите и медиумите поради критичко известување“ и наместо тоа „да обезбедат почитување на основните гаранции за слободата на медиумите“.
Во соопштението тие го повикаа Вучиќ да престане да ги малтретира новинарите за нивното известување и, како што наведоа, да им обезбеди работна средина, без заплашувања и политички притисоци.
„Задачата на медиумите е објективно и критички да известуваат за настани од јавен интерес, вклучително и за активностите на властите“, наведуваат од мрежата SafeJournalists.
Вучиќ ја опиша блокадата на железницата како „исмејување на демократијата“
Во соопштението на новинарската мрежа е наведено дека неодамнешните граѓански протести во Белград и во другите градови се јавни настани и нагласи дека новинарите-репортери од тие собири не смеат да бидат мети или да бидат нападнати за известување.
Претседателката на ЕФЈ, Маја Север, изјави дека Европската федерација на новинари е вознемирена од континуираните напади на Вучиќ врз медиумите.
„Овој пат, со таргетирање на медиумите од соседните земји во јавниот дискурс, Вучиќ не само што ја попречува работата на српските новинари, туку ги загрозува и новинарите од целиот регион“, рече таа.
Мрежата SafeJournalists ги обединува Здружението на новинари на Косово, Здружението на македонските новинари, Здружението на новинари од БиХ, Хрватското здружение на новинари, Независното здружение на новинари на Србија и Медиумскиот синдикат на Црна Гора.