Американски државјанин уапсен во Москва поради „насилство“ врз полицијата

Илустрација, руска полиција

Руската полиција уапсила американски државјанин во Москва за „насилство“ врз службеник за спроведување на законот, соопштија истражителите во средата.

„Ноќта на 12 август 2024 година, американски државјанин беше донесен во полициска станица во Москва во врска со хулиганство“, се вели во соопштението на Рускиот истражен комитет.

„Осомничениот одбил да ги даде личните документи, по што употребил насилство врз полицискиот службеник“, се вели во соопштението.

Во соопштението се вели дека мажот, кој не е именуван, ќе биде обвинет и дека истражителите ќе побараат од судот да му одреди притвор.

Видете и ова:

Вдовицата на Навални тврди дека и тој требало да биде вклучен во неодамнешната размена на затвореници


Инцидентот се случи две недели откако американскиот новинар Еван Гершкович, поранешниот американски маринец Пол Вилан и 14 други беа ослободени од руските затвори во најголемата размена на затвореници Исток-Запад од Студената војна.

Неколку американски државјани и други западни граѓани сè уште се држат во руски затвори под различни обвиненија.