Хеликоптери од Србија гаснат пожар во Босна и Херцеговина

Босна и Херцеговина - Два хеликоптери пристигнаа од Србија, специјализирани за гаснење пожари, Фоча, 13 август 2024 година

Два хеликоптери од Србија на 13 август пристигнаа во Босна и Херцеговина(БиХ), каде помагаат во гаснењето на пожарите во Националниот парк „Сутјеска“, на југоисток од земјата.

Пожарот, кој за четири дена зафати повеќе од 150 хектари шума стара со векови, досега го гаснеа два хеликоптери на хеликоптерската служба на Република Српска и еден хеликоптер на вооружените сили на Босна и Херцеговина.

Хеликоптерската помош од Србија пристигна откакоден претходно Министерскиот совет на БиХ, на предлог на Министерството за безбедност, едногласно донесе одлука да побара меѓународна помош за заштита и спасување во гаснењето на пожарите во БиХ.

Видете и ова: Два „ер трактори“ од Кипар пристигнуваат за гаснење на пожарите

Претставниците на властите во РС претходно побараа да се дозволи ангажирање на противпожарни хеликоптери на Хеликоптерската единица на Министерството за внатрешни работи на Република Србија.

Пожарот ја зафати и околината на Билеќа на југоистокот на земјата, каде од вторникот наутро на пожарникарите им се придружија 34 припадници на вооружените сили на Босна и Херцеговина.

Најавено е дека во текот на денот во регионот Билеќе ќе бидат испратени хеликоптери со цел да се спречи ширењето на пожарот.