Тројца авганистански државјани се убиени во судири меѓу авганистанските и пакистанските безбедносни сили на границата меѓу двете земји, изјави денеска портпаролот на Tалибанците, цитиран од британските медиуми.
Борбите се случиле синоќа (12 август) во близина на југозападниот граничен пункт Торхам, откако пакистанските граничари отвориле оган врз авганистанските гранични сили, изјави муфтијата, Абдул Матин, портпарол на авганистанското Министерство за внатрешни работи.
„Пакистанските сили гаѓаа цивилни домови и убија една жена и две деца“, рече тој.
Видете и ова: Амнести го повика Пакистан да ја запре депортацијата на авганистанските жениПакистанската армија сè уште не одговорила на барањето за коментар.
Инаку меѓу безбедносните сили на двете земји стационирани долж границата, често избиваат судири. Границата беше воспоставена пред неколку децении за време на британската колонијална власт и долго време беше оспорувана.