Поранешниот ирански министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф на 12 август објави дека поднел оставка од функцијата потпретседател, јавува Радио Слободна Европа на англиски јазик.
Оставката доаѓа на помалку од две недели откако новоизбраниот реформски претседател Масуд Пезешкијан го избра за свој заменик.
Поранешниот потпретседател на државата на социјалната мрежа Х наведе неколку причини за оставката, меѓу кои и притисокот по неговото назначување бидејќи неговите деца имаат американско државјанство.
Тој оставката ја поднел минатата недела.
Видете и ова: САД испратија ракетна подморница на Блискиот ИстокЗариф, кој како министер за надворешни работи помогна во постигнувањето на нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Иран и светските сили, рече дека планира да се врати во академската заедница и помалку да се фокусира на домашната политика.
Во неделата иранскиот претседател го назначи Абас Аракчи за министер за надворешни работи, објави претседателот на иранскиот парламент.
Кога Мохамед Џавад Зариф беше министер за надворешни работи, Аракчи беше вториот највлијателен функционер во Министерството за надворешни работи.