Во полусвесна состојба по два дена потрага пронајдено исчезнато лице

Спасувачка мисија

Пронајден и спасен е 35 годишен маж во животозагрозувачка состојба, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. Жителот на општина Лозово од село Дурфулија бил пријавен за исчезнат на 9 август. Тој со помош на специјални единици и доброволци бил пренесен на носилка до хеликоптер и транспортиран до скопската клиника „Мајка Тереза“.

Видете и ова: Спасена е повредена туристка од Чешка на Галичица

„ Вистинска драма за спасување на човечки живот се случуваше денеска во Бекирлија познато по документарниот филм Медена Земја со главниот лик Атиџе. Бев контактиран од градоначалникот на општина Лозово, за потрага по лице кое исчезнало во петокот вечерта. Лицето било пронајдено во животнозагрозувачка состојба, полусвесен, со знаци на живот, но не било во можност да комуницира. Тој бил пронајден крај реката Брегалница, југо западно од овчеполскиот врв Богословец, во атарот на селото Бекирлија“, изјави Ангелов.

Во дводневната потрага учествувале и полицајци и дел од локалното население, а беа употребени и дронови.